Кошарка
17. January 2018 - 13:31

Хрватска и Косово потенцијални противници на македонските кошаркари

 
 
 
Хрватска и Косово би биле можните противници на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација во вториот циклус од квалификации за Европското првенство во 2021 година.  
 
По неуспешниот квалификациски круг за Светското првенство 2019 година, нашата селекција на крајот на месец февруари ќе треба да одигра уште еден натпревар од првата рунда на претквалификациите за Евробаскет 2021. 
 
Во моментов, црвено-жолтите се првопласирани во групата А, со победита над Словачка и Швајцарија, а се очекува така да остане и по возвратните дуели. 
 
Денешната ждребка во Минхен ги одреди групите за втората рунда од овој претквалификациски циклус.
 
Доколку Македонија го задржи првото место во групата А, тогаш во наредната рунда ќе се пресмета со четврторангираните селекции од групите Ц и Д од европските квалификанти за СП 2019. Тоа според моменталниот пласман би биле селекциите на Хрватска и Косово. 
 
Но, сепак ќе мора да се почекаат прво настапите на нашите кошаркари, а потоа и комплетирањето на мундијалските квалификации.