Балкан
7. April 2016 - 11:23

Хрватска го условува членството на Србија во ЕУ

Хрватска го поддржува приемот на Србија во ЕУ, но има и „некои свои барања“, чие исполнување ќе биде услов за членство на Белград во Унијата, изјави хрватскиот вице-премиер Томислав Карамарко.    

- Србија мора да ги достигне стандардите, кои мораа да ги исполнат сите кои се приклучија кон Европската унија. Тоа не е лесен процес и пред Србија стои тежок пат. Секако дека и ние имаме некои свои барања, кои се логични, изјави Карамарко, кој е и лидер на најголемата партија во владината коалиција, Хрватската демократска заедница (ХДЗ).

Како што јави Хина, Карамарко нагласи дека Хрватска ќе се обиде да и помогнеме на Србија „да стана квалитетен член на ЕУ“, но дека нема намера да отстапи од своите услови.

Во врска со барањето на Загреб, Србија да се откаже од спорниот закон за нејзина универзална јурисдикција врз воените злосторства извршени на територијата на поранешна СФР Југославија, Карамарко истакна дека Белград „не може да глуми мал Хаг во овој дел на Европа“.   

- Всушност ние не и правиме проблеми на Србија, таа самата си ги создава, истакна Карамарко.

Тој при тоа ја поздрави одлуката на главниот хашки обвинител Серж Бранерц за обжалување на ослободителната пресуда за лидерот на српските радикали Воислав Шешељ.

- Бевме шокирани од ослободителната пресуда за еден воен злосотрник, кој му се потсмева на целиот свет, на жртвите и на сите нас. Ќе даде Господ, второстепената пресуда да биде долгогодишна затворска казна за еден таков воен злосотрник, порача Карамарко.