Балкан
1. July 2020 - 11:42

Хрватска го укина обврзниот карантин за граѓаните од Србија, БиХ и од Црна Гора

Во согласност со одлуката на хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита од денеска се укинува обврзниот 14-дневен карантин за граѓаните од Босна и Херцеговина, од Србија и од Црна Гора кои ќе влезат во Хрватска.

Предвидено е листата на држави од кои граѓаните ќе можат и под кои услови да влезат во Хрватска ќе биде ревидиран секои две недели, во согласност со епидемиолошките критериуми.

БиХ не е на листата земји чии државјани можат да патуваат во земјите-членки на Европска Унија.