Балкан
7. January 2020 - 10:11

Хрватска ги повлекува војниците од Ирак

Четиринаесет хрватски војници започнаа да се повлекуваат од Багдад по настаните предизвикани од американскиот атентат врз иранскиот генерал Касим Сулејмани.

„Хрватите се привремено повлечени по одлуката на НАТО донесена во текот на викендот за суспендирање на мисијата на НАТО во Ирак, во која беше вклучена и Хрватска со ротирачки контингент од седум војници – четворица офицери и тројца подофицери“, објави дневниот весник „Вечерњи лист“.

Новиот контингент со новите седуммина беше испратен во Ирак во саботата, на 27 декември, додека стариот контингент со седумте, според плановите, требаше да го напушти Ирак по новогодишните празници. Затоа Хрватска во момент на одлука за суспензија на мисијата на НАТО има 14 наместо седум лица во Ирак.