Хрватска ги отвори сите гранични премини со Србија
`
Хрватска денеска во 17 часот ги отвори сите гранични премини со Србија за возила со српски регистарски ознаки, јави Танјуг.
Граничните премини Бајаково и Товарник се отворени за целосен сообраќај без никакви ограничувања, соопшти Министерството за внатрешни работи на Хрватска.
Екипа на новинската агенција Танјуг помина прва по деблокадата, преку граничниот премин Товарник.
- Во 17 часот е извршена деблокада на границата. Сите автомобили без оглед на регистрациите, можат да влезат во Хрватска, појасни министерот за полиција Ранко Остојиќ.
Тој наведе дека е намален протокот на бегалци кои доаѓаат од правец на Србија, и оти досега во Хрватска влегле 60.000 луѓе, а утрово таа бројка била 58.000.
Претходно, еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан во Белград апелираше на хрватските власти да ја отворат границата.
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ рече дека со соработниците интензивно разговара за тоа денеска или утре да се укинат мерките на границата со Србија, а српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека „оној момент кога Хрватска ќе се откаже од противзаконските мерки, сите работи ќе се вратат во претходната состојба“.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата