Балкан
4. January 2017 - 12:27

Хрватска е зафатена од епидемија на грип, досега починаа две лица

Хрватска е зафатена од епидемија на грип со висок интензитет, од што досега починаа две лица, а неколку илјади се болни, јави Хина. 

Грипот го зафати секој регион во земјата. На новогодишната ноќ починале две лица - во Загреб и во Сплит. 

Вистинскиот број на заболени е многу повисок од регистрираните случаи и бројноста драстични се зголемува секоја недела, што покажува дека епидемијата е со висок интензитет. 

Распространети се четири вируси - два од типот А и два од типот Б.