Хрватите оваа година патувале помалку, но трошеле повеќе
Хрватските граѓани годинава патувале помалку туристички од лани, но на тие патувања потрошиле повеќе пари во однос на претходната година, соопшти денеска компанијата Мастеркард.
Врз основа на објавеното истражување на Мастериндекс, Хрватите годинава патувале туристички во просек 2,7 пати, што е помалку од 3,4 патувања реализирани минатата година.
На патувањата годинава трошеле околу 8.000 куни, за разлика од лани кога потрошиле 6.100.
Истражувањето, исто така, покажа дека 37 отсто од испитаниците не планираат да патуваат зимава, а една петтина се уште не знаат дали да патуваат, односно 46 отсто одговориле дека не патуваат во странство во зима, од кои 41 отсто велат дека тоа не им го дозволува финансиска можност, а помалку од една третина од нив не го сакаат тоа поради пандемијата кога патувањата би можеле да бидат откажани.
Нешто повеќе од половина од испитаниците, на примерок од 1.000 анкетирани, планираат да отпатуваат на некоја европска дестинација за божиќните празници, што е поголем пораст во споредба со минатата година кога тоа го планирале само за 11 отсто.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај