Свет
15. July 2016 - 13:36

Хронологија на терористичките напади во Франција изминатите години

Хронологија на терористички напади во Франција во изминатите години:

- Јуни 2016 - Маж кој тврди дека е поврзан со Исламска држава уби двајца полицајци во Магнанвил во близина на Париз.

- Ноември 2015 - Во напади во Париз извршени од седуммина бомбаши самоубијци загинаа 130 луѓе и повеќе до 350 беа ранети. Тоа е најкрвав терористички напад во француската историја.

- Јануари 2015 - Маж со сомнителни врски со исламски радикали уби едно лице, а неколкумина се повредени во фабрика за гас на истокот на Франција, во Сен Кентен Фалавие, во близина на францускиот град Лион, соопштија локалните власти.

- Јануари 2015 - Во тридневни напади на терористи во Париз загинаа 17 луѓе. Првиот напад беше врз вработени во сатиричниот весник „Шарли ебдо“. 

- Март 2012 - Напаѓач уби седум луѓе во Тулуз и Монтаубан, меѓу кои и наставник и три деца во еврејско училиште.