Македонија
15. March 2021 - 17:37

Христијан Мицкоски со последен поздрав до проф. д-р Бранко Василевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со последен поздрав до проф. д-р Бранко Василевски.

„Проф. д-р Бранко Василевски остави печат врз генерации на студенти, но и врз оние кои имаа прилика и чест да го познаваат лично, а кои сведочат за каков правдољубив и хуман човек станува збор. Велат плодот на дрвото паѓа веднаш до стеблото. Таков неприкосновен борец и ерудит е и неговата ќерка Иванка Василевска која сум сигурен дека ќе продолжи онаму каде професорот Василевски денес застана, по трновиот пат на вистината, чесноста и достоинственоста.

Почивај во мир професоре!, порача Мицкоски“, напиша Мицкоски.

Проф. д-р Бранко Василевски остави печат врз генерации на студенти, но и врз оние кои имаа прилика и чест да го...

Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 15 март 2021