Бизнис
6. December 2018 - 19:42

Храната во светот најевтина во последните две години, во Македонија лебот поскапува

Цените на храната во светот паднаа на најниско ниво во последните две години. Во Македонија лебот поскапува.  Во последниот извештај на Светската оргнзиација за храна кој се однесува на цените на ноемрви стои дека големиот пад се должи меѓудругото и на нисикте цени на пченицата.

Неделава во земјава пак со образложение дека пченицата е скапа,  четири помали компании, три во Скопје, една во Тетово ги дигнаа цените на белиот леб. Најава има и од големите производители дека и тие ќе ја зголемат цената на белиот леб.

Вицепремиерот Анѓушев вели дека ова е последица на сушата од претходниот перод. Владата ќе ја следи состојбата и ќе реагира преку резервите ако состојбата земе замав. Засега ќе остават економијата сама да си ги реши проблемите, без да интевенраат.

„Житото на сите светски берзи, а на новосадската берза која е најблиска за нас порасна за 30-ина проценти. Тоа практично се одразува во цената на финалните производи, на лебот. Имаме доволно резерви, тие се купени со соодветни цени, домаќински е тоа направено и ќе реагираме навреме доколку видиме дека зафаќа поголем замав. изјави Анѓушев.

За опозицијата лебот поскапува заради неодговорноста и незаинтерсираноста на власта.

„Црно правило е дека кога поскапува брашното, кога поскапува лебот, почнува да врти инфланторното тркало на поскапувања на сета храна. Министерството не треба да реагира отпосле, туку да превенира. Доколку знае како“.

Состојбата ја следи и НБРМ. Од таму велат дека засега не се очекуваат позначајни отстапувања од проектираната инфлација. Во проекциите се вградени и претпоставките дека дел од цените догодина