-->
-->
Храброст или лудост: Со голи раце фати жена која паѓаше од 11-от кат на една зграда
-->
Надзорни камери го снимиле моментот кога еден млад човек од Кина со голи раце фаќа жена која паднала од 11-от кат на зграда.
Пред зградата во кинеската провинција Хубеи, Фенг Нинг трчал лево-десно и постојано гледал нагоре. Неколку моменти подоцна, директно во неговите раце паднала жена. Поради јачината на ударот Фенг паднал на земја.
Тој изјавил дека откако излегол од ресторанот, слушнал дека некој плаче и бара помош од блиската станбена зграда. Потоа ја видел жената која висела од прозорецот на 11-от кат.
- Истрчав кон зградата, но таа веќе падна пред да стигнам до влезот и бев подготвен да ја фатам. Потоа не знам што се случи, изјавил Фенг од болничкиот кревет.
Еден од сведоците на настанот, изјавил дека се слушнало врескање и силен удар. Потоа го здголедале младиот човек кој се потел и врескал од болка. Тој бил префрлен во болница, а жената за жал не преживеала.
Младиот Фенг изјавил дека во тој момент не помислил дека си го загрозува сопствениот живот, само сакал да ја спаси жената.
-Не ми е жал. Штета што не успеав да ја спасам жената, рекол храбриот Фенг Нинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација