Македонија
3. October 2016 - 16:27

Ховит оптимист дека избори на 11 декември ќе има и дека нема оправдување за нови одложувања

Европратеникот Ричард Ховит испрати три порака при денешната прошталната посета на Македонија, како дел од тимот известуваќи во Европскиот Парламент и како политичар кој активно учествуваше во разврската на политичката криза.

Ховит е оптимист дека избори на 11 декември ќе има и дека граѓаните мора да имаат соодветни услови за избор. Според европратеникот датумот на избори е работа на македонските политичари и на него никогаш не треба да се гледа одделно од квалитетот на условите обезбедени за изборниот процес, за што ќе има робусна набљудувачка мисија.

Ховит уште еднаш ја повтори целосната подршка на ЕУ за СЈО, но и поддршка на барањата на Јанева за измени во заштитата на сведоци и на невладините организации за специјален судски оддел.

Европратеникот очекува ивештајот на ЕК за Македонија да се објави навремено, односно во ноември, но со внимателно избран вординг и секако условена препорака.