Хоук: Ја поздравувам одлуката на Федералниот суд за укинувањето на визата за Ѓоковиќ
Австралискиот министер за имиграција, Алекс Хоук, денеска ја пофали одлуката на австралискиот Федерален суд, со која се потврди неговата претходна одлука да му ја одземе визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, изјавувајќи дека одлуката е донесена за да се зачува безбедноста на австралиската заедница.
-Ја поздравувам денешната едногласна одлука на австралискиот Федерален суд, која ја потврдува мојата одлука да ги искористам моите овластувања, според Законот за миграција, за да му ја одземам визата на Новак Ѓоковиќ, поради јавен интерес, изјави Хоук.
Австралискиот Федерален суд денска ја потврди одлуката на Хоук за укинување на визата на Новак Ѓоковиќ, згаснувајќи ги надежите на невакцинираната тениска суперѕвезда за освојување на Австралија Опен и рекордни 21 машка гренслем титула.
Одлучувајќи за случајот што со денови доминира во австралискиот јавен живот и во светот на спортот , советот на Федералниот суд составен од тројца судии денеска ги слушна аргументите од владините адвокати дека континуираното присуство на Ѓоковиќ во земјата може да ги зајакне чувствата против вакцинацијата за време на најлошиот бран на Ковид-19 од почетокот на пандемијата во Австралија.
Лекарското ослободување што му овозможи на српскиот тениски шампион да влезе во земјата без вакцинација, предизвика бес во Австралија и стана политичко прашање за премиерот Скот Морисон, кој мора пред мај да распише федерални избори.
-Силната политика за заштита на границите на Австралија нè сочува за време на пандемијата, што резултираше со една од најниските стапки на смртност, најсилното економско закрепнување и највисоките стапки на вакцинација во светот. Силната политика за заштита на границите, исто така, е фундаментална за зачувување на социјалната кохезија на Австралија која продолжува да зајакнува и покрај пандемијата, изјави Хоук.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка