Хоти: Најавите на Вучиќ за јакнење на воените капацетите се закана за мирот во регионот
Вршителот на должноста премиер на Косово, Авдулах Хоти оцени дека најавите на претседателот на Србија Александар Вучиќ за задолжително служење на воениот рок во неговата држава поради наводните опасности кои ѝ доаѓаат од Косово, претставуваат закана за мирот и стабилноста во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
По изјавата на Вучиќ, која ја пренесоа вчера косовките медиуми, дека „Србија ќе ги зголеми воените капацитети поради развојот на настаните во Косово“, Хоти порача дека таквите ставови на српскиот лидер се на штета и на постигнувањето конечно решение за споровите меѓу двете држави.
– Изјавата на српскиот претседател Вучиќ за јакнење на воените капацитети, со претекст развојот на настаните во Косово, не ѝ служи на мирот и стабилноста во регионот, а уште помалу на постигнувањето конечен договор и на меѓусебнота признавање, напиша косовскиот премиер на неговата официјална страница на Фејсбук.
Хоти исто така порача дека „Косово останува посветено на својот пат кон интеграциите во НАТО и продлабочувањето на соработката со меѓународните стратешки партнери, САД и пријателските земји од Европската унија“.
Изјавата на Вучиќ за јакнење на српската војска и нејзините капацитети, со најава за задолжително служење на воениот рок, уследи по најавата на лидерот на партијата Алијанса за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, дека, доколку биде избран за претседател на Косово, ќе организира референдум за обединување на неговата држава со Албанија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација