Хоти: Косово може повторно да се изолира ако продолжи ваквиот ритам на Ковид-19
Косовскиот премиер Авдулах Хоти предупреди денеска дека Владата, доколку продолжи актуелниот тренд на ширење на епидемијата на Ковид-19 во Косово, Владата ќе биде приморана да ги врати мерките на тоталната изолација.
Во објава на својата страница на Фејсбук, Хоти порача дека е можно властите да бидат принудени на таков чекор, но предупреди дека тоа би имало „тешки последици“ за косовската економија и за семејствата.
– Порастот на случаи со Ковид-19 е голем. Со овој ритам бргу ќе се блокира Инфективната клиника и тогаш нашите лекари ќе се соочат со тешки морални одлуки кому да помогнат попрво. Тие сцени ги видовме во земјите кои ја доживеаја многу тешко оваа пандемија. Не можеме да дозволиме да ни се случат такви ситуации. Доколку продолжи овој ритам, ќе бидеме принудени да ги вратиме мерките на тотална изолација, кои ќе имаат тешки последици за економијата и нашите семејства, напиша Хоти.
Тој потсети дека здравствените власти изготвија прирачник за мерките за заштита од Ковид-19, кој е обврзувачки за раководителите на јавните централни и локални институции и за сопствениците на бизниси, како што се производството, рестораните, услугите, транспортот и друго. Непочитувањето на обврските, порача косовскиот премиер, е казниво и нема да се толерира.
– Неисполнувањето на мерките го загрозува здравјето на граѓаните и, следствено на тоа, е казниво. Нема да се толерира никој кој ги прекршува тие мерки. Не можеме да страдаме како општество поради неодговорноста на носителите на институциите и бизнисите кои не ги преземаат соодветните заштитни мерки, напиша Хоти.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право