Хотелите во Словенија бележат пад од 99 отсто на ноќевањата
Поради мерките на словенечката Влада во борбата против коронавирусот, хотелите во земјата бележат историски пад на бројот на ноќевања.
Според Заводот за статистика, намалувањето во април, во споредба со истиот месец минатата година изнесува 99 отсто. Во сите хотели, мотели и преноќишта во земјата минатиот месец се регистрирани само 11.000 ноќевања, а најголем дел од нив ги направиле странски студенти или лица кои посетувале некаква обука во Словенија.
Заводот наведува дека од јануари до крајот на април во Словенија се регистрирани 660.000 туристи што е за 52 отсто помалку во споредба со истиот период лани.
Со цел да се подобри оваа статистика, Владата одлучи на сите полнолетни граѓани, вклучувајќи ги и пензионерите да им додели неповратни ваучери со вредност од 200 евра кои ќе можат од јуни до септември да се користат исклучиво за плаќање сместување во Словенија.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана