Хоспитализирани уште 5 деца и една 24-годишна девојка од морбили, досега вакцинирани 1,894 деца со МРП вакцини
Министерството за здравство информира дека денеска (12 јануари 2019 година) до 10:00 часот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште 5 деца и 1 возрасен, суспектни морбили. Тоа значи дека во моментов има 20 болни од морбили, од кои 18 се деца и двајца се возрасни.
Децата се на возраст од 9 месеци до 2,5 години, а возрасната е девојка од 24 години. Има едно дете од Радишани, другите се од градинката „Сонце“ од Ново Лисиче – Аеродром. Возрасната девојка е од скопската населба Кисела Вода и е со непознат вакцинален статус.
Од Клиниката информираат дека на клиниката има 120 легла, но треба да се има в предвид, дека се хоспитализираат пациенти и со друга патологија. Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а најстариот има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.
Најмногу заболени има во населбата Аеродром-Ново Лисиче вкупно 11 деца и уште нови 4 суспектни, за кои утре ќе се знае резултатот од лабораториските анализи, кои ќе потврдат или отфрлат морбили. Но, сите ново примени пациенти имаат клиничка слика на пациенти заболени од морбили (мали сипаници).
Досега, во сите вакцинални пунктови во Скопје до 13 часот вакцинирани се 1,894 лица, а само денесka вакцинирани се 30 деца.
Уште еднаш повикуваме на вакцинација на децата, иако е прогласена епидемија од морбили. Има доволно количини од МРП вакцините. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење.
За време на викендов вакциналните пунктови во Центар, Карпош и Јане Сандански, ќе работат само прва смена од 7.30 до 13 часот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка