Свет
4. December 2017 - 12:11

Хорст Зехофер го напушта местото премиер на Баварија

Лидерот на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ),  Хорст Зехофер, нема да се кандидира за нов мандат како премиер на Баварија на регионалните избори следната година, соопшти членот на партиското раководство Маркус Фербер. 

Фербер изјави дека вчера се воделе интензивни разговори и дека парламентарната група на ЦСУ ќе се состане денеска за да предложи друг кандидат за премиерската функција. 

Тој објасни дека Зехофер предложил да остане лидер на ЦСУ откако ќе го отстапи премиерското место, поради „тешката ситуација" во Берлин.

 	Маркус-соедер

Според баварските весници, Зехофер најверојатно ќе биде наследен од неговиот внатрепартисли ривал од десното крило на ЦСУ, Маркус Содер. 

ЦСУ, сестринска оартија на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, па изборот на Содер би можел да има последици врз напорите демохристијаните за формирање федерална влада со левоцентристичката Социјалдемократска партија на Германија (СПД).