Македонија
20. јуни 2018 - 10:54

Хорор во Виница: Обид за силување на 16-годишно девојче што чувало овци

Вчера во 9 часот во Полициската станица Виница, 36-годишна жена од виничко село пријавила дека на 18.06.2018 година во периодот од 14 до 14.30 часот во атар на селото, додека нејзината 16-годишна ќерка ги напасувала овците, непознато лице се обидело да ја силува. 

Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.