Македонија
17. April 2018 - 10:40

Хорор во Тетово: Се запали „ауди“ со тригодишно дете внатре, таткото го оставил само на кратко па се вратил да го спаси

Вчера вечер околу 18 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Илинденска“ на паркинг избувнал  пожар во патничко моторно возило „Ауди  А-3“ со тетовски регистерски таблици сопственост на А.Н. (42) од  с.Ларце - Желино. 

Возачот А.Н. го паркирал возилото и го оставил да работи, со цел на кратко да влезе во блискиот сервис, а во возилото останало неговото тригодишно дете.

Во  еден  момент, од  возилото почнал да излегува чад од задниот  дел и сопственикот веднаш се вратил и го извлекол детето. 

Пожарот за кратко се проширил  во  целото  возило и тоа целосно изгорело освен делот кај моторот, кој бил  делумно  изгорен.  Пожарот бил  изгаснат од страна на  екипа од Територијална противпожарна единица–Тетово.

Причинета била материјална штета од околу 240.000  денари.

Увид  на местото на настанот бил  извршен  од  страна на увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување  на  настанот.