Македонија
16. јуни 2018 - 13:21

Хорор во Теарце: Прегазено 10-годишно девојче, итно префрлено на клиника во Скопје

Синоќа во 22.00 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, С.А. (40) од с.Доброште, тетовско, управувајќи патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 10-годишно девојче од с.Теарце.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Тетово каде и била укажана лекарска помош.

Поради сериозноста на повредите девојчето било префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.