Хорор во станот: Мајката на балконот го оставила мртвото бебе, па си ги исекла вените
Безживотното тело на осуммесечно женско бебе е пронајдено доцна синоќа на балконот од стан во Белград, а нејзината мајка си ги исекла вените.
На ужасната глетка во станот на четвртиот кат претходел повик на вознемирена и загрижена жена во полицијата дека во заклучениот стан се наоѓа бебе и жена и дека никој не се јавува и не отвора врата.
Полицијата проваливал во станот и таму затекнале ужасна глетка: Тања М.(37) како лежи на кревет во локва крв бидејќи си ги исекла вентие.
За среќа се уште била жива и на прашање на полицајците каде е бебето дала неибедлив одговор, па полицајците почнале да пребаруваат по станот, со надеж дека ќе го пронајдат живо осуммесечното девојче. Но на терасата затекнале уште пострашна глетка, телото на несреќното девојче било помодрено и замотано во кеса.
Со брза помош жената со исечени вени е префрлена во болница каде се наоѓа под медицински надзор, бидејќи се сомнева дека била под дејство на медикаменти.
Во станот е направен увид, а телото на бебето е пренесено на обдукција за да се дознае точната причина за смртта на девојчето.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море