Македонија
4. January 2017 - 13:56

Хорор во Шутка: 11-годишно девојче од дом принудено на секс - Ќе ми бидеш снаа!

Вчера во 12.15 часот во ПС ОН Чаир, социјален работник од Јавна установа за загрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје, заедно со единаесетгодишна штитеничка во установата, а која претходно била пријавена за исчезната, пријавиле дека на 29.12.2016 година околу 12.30 часот со автобус стигнала во населба Бутел 1 и на автобуска постојка се сретнала со друга штитеничка на установата.

После тоа заедно отишле во населба Шуто Оризари, кај бабата на втората штитеничка.

По кажување на првата штитеничка, бабата на втората и рекла дека ќе и биде снаа и дека нема да си оди, по што ја влечела за коса.

Веднаш потоа дошол нејзиниот внук со кој ја внеле во друга соба, ја заклучиле вратата и истиот се обидел да има сексуални односи со неа.

Истата, прво се спротивставувала, а потоа се согласила и имале сексуални односи.

Бабата на втората штитеничка не и дозволила да излезе од куќата и да си замине.

На 30.12.2016 година единаесетгодишното девојче успело да побегне и за настанот кажала на нејзиниот чичко.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.