Балкан
29. November 2018 - 22:44

Хорор во познатото турско летувалиште: Стихијата носеше се пред себе, луѓето излегуваат од автомобилите за да се спасат

Обилни дождови предизвикаа поплави на улиците на турскиот град Бодрум.

Водената стихија носеше се пред себе низ улиците на овој познат турски туристички центар и едно од омилените на туристите од Македонија и Србија.

Луѓето панично бегале од автомобилите во кои почнала да продира вода.

Поплавени се многу деловни и станбени објекти во крајбрежниот дел од градот.

Надлежните служби се на терен и им помагаат на загрозените граѓани. Полицијата ги засили мерките за безбедност.

Пред само десетина дена во овој град на брегот на Егејското море стихија однесе десетина автомобили во море.