Балкан
26. October 2017 - 18:00

Хорор во Подгорица: Малолетник со денови силувал 12-годишно девојче од соседите

Шеснаесетгодишник од Подгорица М.М. е уапсен утрово под сомнение дека силувал 12-годишно девојче, соопштија од полицијата.

Полицијата го сомничи малолетникот дека сексуално злоставувал девојче повеќе пати во текот на 20 дена.

Тој како што рекоа, девојчето го силувал додека нејзините родители не биле тука, злоупотребувајќи ги соседските односи.