Свет
5. February 2019 - 11:25

Хорор во Париз: Пожар проголта зграда во луксузен кварт, 8 загинати и 28 повредени - луѓето бегале на покривот да се спасат од огнот

Најмалку 8 лица загинаа, а над десет се повредени во пожар што зафати неколку катови од зграда во Париз.

Жителите на луксузниот кварт отидоа на покривот за да побегнат од чадот и пламенот додека спасувачките екипи се бореа против пожарот.

Парискиот обвинител Реми Хејц изјави дека истражителите веруваат дека причината за пожарот е „кривично дело“.

Како што наведуваат пожарникарите, пожарот избил околу еден час по полноќ, а многу станари се засолниле на покривите за да побегнат од пламенот.

Многумина повикуваа помош од своите прозорци.

 

Пожарникарите дошле до местото на пожарот во раните утрински часови во вторникот наутро, откако пожарот зафатил неколку катови од осумкатната зграда во Париз.

Досега најмалку 8 лица загинаа во пожарот, јавија властите, додека најмалку 28 лица, вклучувајќи и тројца пожарникари се повредени.

„Бројот на жртвите би можел да се зголеми зошто пожарот бил активен и на 7. и на 8. кат, рече портпаролот на пожарната служба од местото на настанот.

Околу 200 пожарникари се распоредени во тоа подрачје.