Македонија
18. March 2017 - 14:42

Хорор во основно училиште во Скопје- Дете извадило нож и го забодело сооученикот

Во основното училиште Петар Здравковски- Пенко, 15-годишно момче забодело дете на своја возраст. во Скопје. Вчера, околу 9 часот избила кавга, а потоа и тепачка помеѓу два ученика, чии иницијали не се соопштени.

Едно од момчињата во еден момент извадил нож од џебот и го забодел соученикот во врат. Ученикот итно бил превезен во Клиничкиот ценатр, каде што лекарите констатирале дека повредата не е опасна по негов живот.

Полицијата ги презема сите мерки за да го расветли случајот.