Македонија
13. April 2016 - 15:23

Хорор во Неготино: Автомобил прегази малолетничка на велосипед

Вчера околу 15.00 часот во Неготино, на крстосницата од ул .„Маршал Тито“ со ул. „Антигона“, се случила сообраќајна незгода во која Т.И. (50) од Неготино, управувајќи возило „Мазда“ со неготински регистарски ознаки, удрил во тринаесетгодишна велосипедистка од Неготино. 

Девојчето со возило на Итна медицинска помош е пренесена во ЈЗУ-Кавадарци, каде и е констатирана тешка телесна повреда и поради сериозноста на повредата е префрлена во Клинички центар–Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС–Неготино.