Балкан
21. December 2016 - 17:32

Хорор: Во напуштен објект пронајдено обезглавено тело

Во напуштен објект во близина на халата Александар Николиќ попладнево полицијата пронајде обезглавено тело.

Полицијата излегла на повик на граѓани кои го забележале обезглавеното тело во фаза на распаѓање.

Телото е префрлено на Институтот за судска медицина во Белград, каде со обдукција би требало да се добијат повеќе изнформации за овој случај.