Свет
15. July 2017 - 12:00

Хорор: Во напад со нож во метро во Техеран 15 повредени

Најмалку 15 луѓе се повредени денеска откако маж нападна со нож свештеници во метро на станицата Реј во предградие на Техеран, јавија ирански медиуми. 

По нападот, патници се судриле со напаѓачот и полицијата била принудена да отвори оган за да го уапси напаѓачот. Патниците се здобиле со повреди од нож и од куршуми.