Свет
6. October 2018 - 12:52

Хорор во Мексико: Уапсена монструозна брачна двојка која убивала жени, а на едно бебе му наметнале страшна судбина

Полицијата во Мексико уапси двојка која призна дека убила најмалку 10 жени и го продале бебето на едната од нив, соопштија официјални лица.

Двојката е уапсена во предградието на Мексико Сити, Екатепек, јави АП.

Тие исто така признаа дека на една двојка и продале двомесечно бебе на една од убиените жени. Бебето е пронајдено, а и двојката на кои било продадено, е уапсена.

Мексико изминатите години е погоден со бран на убиства врз жени, но не е познато колку е раширена трговијата со деца, наведува АП.

Мрежата за права на децата во Мексико проценува дека секој ден во оваа земја во просек исчезнуваат по четири деца.