Балкан
26. February 2016 - 14:45

Хорор: Во куќа пронајдени телата на татко, мајка и син

Три трупа во распаѓање се пронајдени во куќа во Баштованската улица во Белград.

Полицијата во семејната куќа во Сурчин ги пронајде безживотнтие тела на таткото (84), мајката (79) и синот (61).

Пронајдените тела се во состојба на распаѓање. Полицијата го блокираше приодот до куќата за  да изврши увид.

Се претпоставува дека станува збор за убиство и самоубиство.