Балкан
1. February 2017 - 12:53

Хорор во Истанбул: Вооружен маж држи заложници во болница

Вооружен маж зеде за заложници голем број лекари и дел од медицинскиот персонал во болница во Истанбул, јавуваат турските медиуми.

Весникот „Хуриет“ наведува дека се верува оти напаѓачот е пациент на психијатриското одделение во болницата Церапаша. 

Полицијата е на местото на настанот и го загради просторот околу болницата.