Балкан
10. February 2019 - 12:52

Хорор во Истанбул: Под урната зграда пронајдени 17 мртви, 14 лица се повредени

Бројот на жртвите од уривањето на осумкатната станбена зграда во Истанбул порасна на 17, рече денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Сојлу наведе дека под урнатините е пронајдено уште едно тело.

Зградата во истанбулскиот кварт Картал се урна во средата.

Причините за рушењето се предмет на истрага но официјалните лица наведоа дека последните три ката се нелегално изградени.

Од 14 лица кои се пронајдени живи, 13 се уште се во болница, од кои седум се во тешка состојба.