Свет
20. October 2018 - 10:36

Хорор во Индија: Воз удри во голема група луѓе, најмалку 61 загинат

Најмалку 61 лице загинаа, а 72 се повредени во инцидентот во северозопадна индиска држава Пенџаб, каде вчера воз удри во група луѓе, собрани заради религиозен празник.

Меѓу жртвите има жени и деца, соопштија властите, пренесува Ксенхуа.

Помеѓу 300 и 700 лица се собраа на железничката линија крај градот Амратсар синоќа, кога воз удри во толпата. Според очевидци, возот се движел со голема брзина во темница, а луѓето не го чуле поради огномет.

Денеска е ден на жалост во индиската држава Панџаб.