Хорор: Во инцидент на најголемиот крузер во светот еден загинат и четворица повредени
Еден член на екипажот загина, а четворица други се повредени во несреќата што се случи на најголемиот брод за туристички патувања во светот „Хармонија на морињата“, соопшти компанијата сопственик на крузерот „Ројал Карибиан Круз“.
Инцидентот се случил за време на една редовна вежба за спасување, кога чамец за спасување, во кој се наоѓале петмината членови на посадата, се откачил и се урнал од 10 метри височина во море.
Од четворицата повредени, двајца се наоѓаат во животна опасност.
Инцидентот се случил во Марсеј на југот од Франција, каде „Хармонија на морињата“ се наоѓа во моментов.
Загинатиот член на посадата е Филипинец, додека од повредените, тројца се од Филипините, а еден од Индија.
Бродот е долг 362 метри и на него може да патуваат осум илјади патници и членови на екиажот. Овој крузер е висок колку зграда од 25 ката.
Во бродот на располагање на патниците им се наоѓаат бројни погодности, од 25 ресторани, 23 пливачки базени, театар и повеќе кино сали, до трговски центар и бројни казина и цела низа можности за забава и релаксација.
„Хармонија на морињата“ се наоѓа во редовна пловидба од мај оваа година.
Ново на Сител
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда