Живот
19. April 2017 - 10:52

Хорор во градинка: Децата ги оставиле без надзор, девојче (8) задавило бебе зошто плачело

Осумгодишното девојче е осомничени за убиство на бебе во една градинка во Мичиген, во која децата неколку часа се оставени без надзор.

Причината за смртта и натаму е непозната, а петгодишното дете кое исто така било во градинката можеби било единствен сведок на трагедијата.

Полицијата верува дека децата без надзор биле оставени неколку часа.

Шефот на полицијата Џефри Левис рече дека најверојатно детето Кори почнало да плаче, па осумгодишното девојче отишло да му помогне.

„Тоа лице кое е вклучено во смртта најверојатно чувствувала дека нешто не е во ред. Ако сте дете и скршите или расипете нешто, вие тоа ќе се обидете да го скрието, рече Левис.

Photo published for 8-year-old girl suspected of killing baby at daycare

Мајката на детето, Брајана Ризоновер рекла дека на телото и на лицето на детето имало модрици.

Таа ги одвела таму на чување сите три деца зошто морала да работи ноќна смена. Ког отишла да ги земе, Кори не давал знаци на живот.

 
View image on Twitter

„Ужасно ми е зошто знам дека се мачел, а веројатно сакал само јас да дојдам“, вели неутешната мајка.

Таа го опиша своето дете како радосно кое проодело неколку недели пред тоа.

Осумгодишното девојче е однесено во болница на проценка на физичката состојба и не е јасно каде ќе биде сместено.