Свет
26. October 2018 - 11:27

Хорор во Германија: Експлодираше автомат за билети на железничка станица и разнесе тинејџер (19)

Деветнаесетгодишно момче загина во Германија, откако му експлодирала машината за издавање на карти на железничката станица во Хале.

Итната помош момчето со повеќе тешки повреди веднаш го префрлила во болница, меѓутоа тој нешто подоцна починал. Според соопштението на полицијата, се верува дека токму тинејџерот е одговорен за експлозијата на автоматот на станицата во Хале, која се случила вечерта на 20 октомври.

Прелиминарната истрага утврди дека тинејџерот предизвикал реакција на гас, коај довела до експлозијата на машината за издавање карти, која била толку силна што целта предна платформа излегла. Ралф Карлштед од полицијата во Хале рече дека автоматот е целосно уништен.

Во таа прилика уште двајца се осомничени, на возраст од 15 и 20 години, уапсени се во градот во текот на ноќта. Тешко повреденото момче, испосечено и облиевно во крв го открил возач малку пред 10 часот.

Железничкиот сообраќај бил во прекин од саботата вечер до неделата наутро. Полицијата ги испрашува осомничените вмешани во уништување на шест други автомати за издавање карти во Хале во текот на октомври. Минатата година во Дормунд исто така настрада човел (31) кога му експлодираше машина за издавање на карти.