Хорор во Црна Гора: Не можела да прифати дека сопругот и се преженил - по 5 дена живи ги запали на спиење
Сулејман Муриќ (61) и неговата сопруга Седина Моцевиќ (45) настрадаа во пожар во рожаската населба Бесник, а огнот, како што соопшти полицијата, го подметнала неговата поранешна сопруга Сафија Муриќ која е уапсена.
Командирот на локалната служба за заштита Нурадин Аговиќ рече дека пријавата за пожарот ја добиле околу 6 часот.
-Со брза оперативна работа дојдовме до сомнение дека пожарот го подметнала поранешната жена на Муриќ С.М., која живее во Бар. Таа утрото, на враќање од Рожај кон Бар е уапсена во Колашин, соопшти тој.
Пожарот најпрво го зафатил дневниот престој на куќата, а пожарникарите по доаѓањето затекнале јагленисани тела.
-Чекаме надлежните понатаму да ја продолжат работата, за да се откри точната причина за пожарот, рече Аговиќ.
Полициската управа на Црна Гора соопшти дека во краток рок го расветлила случајот.
-Поради кривично дело тешко убиство, извршено на штета на две лица, од слобода е лишена С.М. (55), а телата на настраданите се испратени на обдукција, соопшти полициајта.
Полицијата соопшти дека С.М која е осомничена за подметнување на пожар, е уапсена откако во Колашин е запрен автобусот со кој патувала кон Подгорица.
-Таа во текот на ноќта низ прозорец од бањата влегла во куќата и просториите и мебелот ги полеала со бензин. Го запалила огнот и побегнала, наведе полицијата.
Службениците на ОБ Рожај осомничената С.М. (55) во законскиот рок ќе ја изведе пред јавен обвинител во Бијело Поље.
Ново на Сител
-
Во Струмица оштетен билборд на претседателскиот кандидат Бујар Османи
-
Бојмацалиев: Пронајден e сторителот што ја оби пратеничката канцеларија на Лефков
-
Лефков од ВМРО-ДПМНЕ објави дека е разбиена неговата пратеничка канцеларија во Кочани
-
Утре влажен бран со силен ветер и врнежи над 20 литри на метар квадратен
-
Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување
-
Меѓународна полициска акција во БиХ
-
Нова промена на цените на горивата
-
Големи поплави во Кина | ВИДЕО