Македонија
4. December 2017 - 12:19

Хорор во Центар: Ја пронашла својата сестра мртва во домот

Извици на помош ноќеска се слушале на улицата „Рајко Жинзифов“ во Центар.
 
С.Д. пријавила во полицијата дека нејзината сосетка барала помош, по што полициски екипи излегле на терен.
 
Утврдено било дека жената ја нашла својата сестра, Л.К. (63), почината на подот.
 
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.