Свет
22. March 2016 - 13:45

ХОРОР ВО БРИСЕЛ: "Крв течеше по ходниците, имаше тела без глави, мајки со мртви деца"

Секаде беа тела без глави. Една жена го држеше бебето во раце и викаше Каде е моето бебе? И реков дека и е во раце, а таа ми рече дека има уште едно бебе и не знае каде е. Беше ужасно. 
 
Вака раскажува 39-годишниот Јасин Амрани, еден од сведоците и преживеаните на хорор-нападите денеска во Брисел.
 
Тој вели дека не знае каде му е другарот кој останал на третиот спрат на аеродромот.
 
 
- Крв течеше низ ходниците. Се обидов да помогнам, затоа и моите раце се со крв, вели тој.
 
Денеска три експлозии одекнаа во Брисел. Полицијата е насекаде. Луѓето се во паника.. Бројот на жртви расте.