Македонија
31. January 2017 - 12:34

Хорор во Битола: Се скарале пред кафеана па му забил нож во градите

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А. (68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“. На 24.12.2016 година околу 18.00 часот пред кафеана дошло до расправија помеѓу пријавениот и лицето Ј.К. (61) од Битола. Во еден момент пријавениот со нож му нанел убодна рана во пределот на десната страна на градниот кош, која била опасна по живот.