Македонија
16. September 2017 - 12:37

Хорор во Битола: Му влегол дома и почнал да го дави

Околу 13 часот и 30 минуту во Битола на улицата „Тошо Даскало“ во домот на 79-годишниот М.Т. непознато маскирано лице извршило разбојништво. Имено истиот влегол преку незаклучената врата во куќата по што дошол во дневната соба каде што М.Т. седел и почнал да го дави и од џебот од блузата му одзел 14.000 денари по што го напуштил местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од СВР Битола и се превземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.