Балкан
2. March 2016 - 11:44

Хорор во Белград: Си ми родила инвалид, ќе ве убијам и тебе и детето!

Докторите во болницата во Белград пријавиле вчера во полиција дека маж  и се заканувал на својата штотуку породена жена, бидејќи бебето има проблеми со ногата.

– Си родила инвалид. Дојди да те убијам, и тебе и детето, и се заканувал мажот по телефон.

Жената е породена во понеделник со царски рез. Интервенцијата била ризична бидејќи бебето имало поголема глава.

– Поради тоа детето немало простор, па веројатно затоа ногата му била згрчена. Со ногата е се во ред и со помош на вежби целосно ќе се развие, велат докторите од гинекологија.

Лекарите сметаат дека драмата настанала бидејќи жената  добро проблемот не му го објаснила на сопругот

– Таа им се пожалила на лекарите дека нејзиниот сопруг и се заканува. И поради тоа е известена полицијата. Тој човек не се појави за да ја види својата жена и бебето, жената цел ден плачеше, велат од болницата.