Македонија
18. April 2019 - 15:06

Хорор: Убиство и самоубиство во Македонија

Вчера околу 14 часот било пријавено дека во с. Луково – кратовско, Г.К. (57) од Кратово, кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на Р.А. (66) од Кратово и со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал Р.А. кој починал на местото на настанот.
 
Потоа Г.К. со пушката заминал пред својата куќа и во дворот се самоубил.
 
По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за Судска Медицина-Скопје за обдукција.
 
Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот.