Македонија
11. April 2017 - 17:54

Хорор: Тетовец намерно ја запалил куќата на својот татко

Материјална штата од околу 180 илјади денари е причинета од пожарот што изминатата ноќ околу 1 часот по полноќ избувнал во куќата на Ќ.О. (72) во тетовско Пршовце во кој, за среќа, нема човечки жртви, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според првичните податоци по полицискиот увид, за избувнување на пожарот се сомничи Џ.О.(38), син на Ќ.О, кој подолго време се соочувал и се лекувал од психички проблеми и кој набрзо ја напуштил куќата. Пожарот бил локализиран по околу два часа од неговото избувнување со интервенција на тетовските пожарникари.

- Опожарена е комплетната конструкција на покривот од дрвени греди и ќерамиди, двете спални на првиот кат и дрвената меѓукатна конструкција. Опожарени се и прозорците на спалните, два кревета, комода, телевизор и радиокасетофон, како и дрвени скали од надворешната страна на куќата, рече Јосифовски.