Балкан
7. September 2017 - 8:53

Хорор среде Белград: Актерка од Курсаџии застрелана од хирург од ВМА, тој потоа се самоубил

Постар маж настрада, а жената е потешко повредена во пикање во улицата Коста Рацин во белградската населба Савски венац, соопшти утрово Итната служба.

Мажот С.Ц. (59) загинал, а девојката (30) е повредена во пукањето. Станува збор за младата актерка Ивана Панзаловиќ, позната по улогата во серијата „Курсаџии“, а мажот што пукал на неа е познат доктор од ВМА.

Несреќата се случила рано утрово околу 4 часот, а жената со повреда на глава е префрлена на Военомедицинсакта академија.

Наводно, мажот пукал во жената, а потоа во себе.

Докторот и младата актерка биле во врска и живееле заедно.

Околу 4 часот утрово се скарале, и тогаш докторот, инаку пластичен хирург, пукал на младата актерка. Неофицијално, актерката има повреда на челото.

Потоа докторот се самоубил пукајќи си во глава.