Македонија
28. December 2016 - 20:38

Хорор сообраќајка во Тетово, настрада пешак

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката што се случи вечерва, петнаесеттина минути пред 19 часот, на булеварот „Видое Смилески Бато“ во Тетово.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, во пешакот Х.П.(39) од Тетово удрил автомобил Фолксваген Поло управуван од Б.А.(21), исто така од Тетово, при што тој здобил тешки телесни повреди од кои починал во тетовската клиничка болница. Повреден е и возачот кој исто така бил пренесен во болница.

Увид на местото од сообраќајката извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, а за тоа време сообраќајот не се одвивал по булеварот, туку бил пренасочен по други улици.