Балкан
29. August 2017 - 13:05

Хорор сообраќајка во Белград: Девојка ја удри автобус и ја фрли под тркалата на друг

Една девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случи утрово кај Храмот Свети Сава во Белград кога претрчувала на недозволено место. Неа ја удрил автобус и ја фрлил под друг.

-Девојката се обидувала да претрча преку патот и поради должината влетала во цик - цак. Автобусот ја удрил и ја фрлил под тркалата на другиот кој наишол токму во тој момент, велат очевидци.

Девојката давала знаци на живот кога стигнала Итната помош.

- Девојката итно е префрлена во Ургентниот центар, рекоа од Итната помош.

Поради несреќата дошло до колапс во сообраќајот. Колоната се протегнува од Храмот Свети Сава па се до Автокоманда.