Свет
27. December 2016 - 15:43

Хорор: Седуммина насилници се обиделе да запалат бездомник

Германската полиција испитува седум лица, кои се осомничени за обид да запалат бездомник во берлинското метро, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Шест од седуммината кои што се осомничени за обид за убиство се предале на полицијата вчера вечер, а седмиот е уапсен врз основа на видео материјалите од камерите за надзор на метро системот.

Осомничените се на возраст од 15 до 21 година.

Тие се обвиннети дека се обиделе да убијат 37-годишен бездомник додека дој спиел во метро станицата Шоенлеијнштрасе во неделата навечер. Хартијата и облеката со кои се покривал бездомникот кои што ги запалиле напаѓачите била изгасната од патници и возач на метро по што останал неповреден. Пред две недели полицијата во Берлин уапси бугарски државјанин којшто на една берлинска метро станица со клоца во грб нападна трудна жена, која при падот по ударот ја скрши раката.

И двете видеа на кои се гледаат напаѓачите а кои беа објавени на интернет со цел тие да бидат пронајдени предизвикаа огромен интерес во Германија.